Чавушоглу: „На седницата на ОН ќе усвоиме резолуција против израелските напади“

Ние секогаш случувањата ги осудуваме на овој начин, но умметот чека да преземеме конкретен чекор

1638183
Чавушоглу: „На седницата на ОН ќе усвоиме резолуција против израелските напади“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека на вонредната седница на Генералното собрание на Обединетите нации ќе усвојат резолуција во врска со израелските напади.

Во изјавата по средбата со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан бин Абдулах Ал Сауд во Ријад, Чавушоглу рече дека наспроти зулумите на Израел, тие веднаш ги иницирале потребните контакти со други земји.

„Ние секогаш случувањата ги осудуваме на овој начин, но умметот чека да преземеме конкретен чекор. Не можевме да молчиме и да останеме индиферентни наспроти овие напади на Израел. Ги започнавме потребните контакти. Ние сме во постојан контакт со палестинските надворешни работи. Острото осудување не е доволно. Треба да преземеме и мерки. Не само на ниво на амбасадори, туку и на политичко ниво“ рече Чавушоглу.

„По празникот амазан Бајрам ќе одржиме состанок со министрите за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС). Турција ќе продолжи да ги штити правата на Палестинците“ изјави министерот Чавушоглу.

Чавушоглу се осврна и на неговата посета на Саудиска Арабија, каде што отиде да разговара за регионалните прашања и билатералните односи.

„Имавме многу отворена и искрена средба (со Саудиска Арабија). Одлучивме да го продолжиме нашиот дијалог“ рече Чавушоглу.



Слични вести