Во подрачјето на операцијата Пролетен штит во Сирија загина еден турски војник, четворица војници се ранети

Министерството за национална одбрана (МНО) соопшти дека во реализиран ракетен напад врз подрачјето на операцијата Пролетен штит во северозападниот дел на Сирија, стана шехид (загина) еден турски војник, а четворица војници се ранети

1637691
Во подрачјето на операцијата Пролетен штит во Сирија загина еден турски војник, четворица војници се ранети

Во реализиран ракетен напад врз подрачјето на операцијата Пролетен штит во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, стана шехид (загина) еден турски војник, а четворица војници се ранети.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО), вчера во подрачјето на операцијата Пролетен штит беше извршен ракетен напад врз воен конвој за снабдување. 

Во нападот стана шехид (загина) еден турски војник, а четворица војници се ранети.

Ранетите војници веднаш беа префрлени во болница.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп објави порака со сочувство за турскиот војник кој стана шехид во подрачјето на операцијата Пролетен штит во Идлиб.

Шентоп во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „На нашиот јуначки војник кој во предавничкиот напад стана шехид му посакувам милост од Аллах, на нашите ранети војници им посакувам побрзо оздравување. Сочувство до нашиот народ.“

Потпретседателот Фуат Октај, исто така во споделената објава на својот профил на социјалната медија, напиша: „На нашиот јуначки војник кој стана шехид му посакувам милост од Аллах, на нашите ранети војници побрзо оздравување. Го изразувам моето сочувство до нашиот народ.“

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун исто така во споделената објава на својот профил на социјалната медија го истакна следното: „На нашиот јуначки војник кој стана шехид му посакувам милост од Аллах, на нашите ранети војници им посакувам побрзо оздравување, го изразувам моето сочувство до нашиот народ. Нашата одлучна борба ќе продолжи се додека не биде искорената терористичката организација.“

 



Слични вести