Турција го осуди продолжувањето на нападите на израелските сили врз палестинските цивили

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение со кое го осуди продолжувањето на нападите на израелските сили врз палестинските цивили со употреба на звучни бомби и сила

1637671
Турција го осуди продолжувањето на нападите на израелските сили врз палестинските цивили

Турција го осуди продолжувањето на нападите на израелските сили врз палестинските цивили со употреба на звучни бомби и сила.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Ја осудуваме интервенцијата на израелските безбедносни сили кои и покрај сите повици на меѓународната заедница ја прекршуваат светоста на Харем-и Шериф и продолжуваат да интервенираат со употреба на звучни бомби и сила врз палестинските цивили кои ги извршуваат своите верски обреди во Месџид-и Акса. Очекуваме што поскоро да бидат завршени овие напади.“

Во соопштението се додава и следното:

„Го повторуваме нашиот повик до израелската управа да ги сопре нападите коишто се реализираат од страна на расистичките еврејски групи и безбедносните сили врз Месџид-и Акса и да ги преземе потребните мерки за да не им дозволи на расистичките групи да влезат во Харем-и Шериф.

Жалните настани кои продолжуваат во текот на месецот Рамазан во Источен Ерусалим (Кудс) и на Западниот Брег, уште еднаш го изнесоа пред очи значењето од ставање под меѓународната заштита на палестинските цивили во рамките на резолуциите на Организацијата за исламска соработка (ОИС) и Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) коишто беа усвоени во 2018 година под водство на нашата земја.

Единствениот пат за да би можеле да се спречат овие и слични настани на окупираните територии, е Израел да се оцени за одговорен за овие активности, на меѓународна арена.“

 



Слични вести