Телефонска дипломатија од Чавушоглу за последните случувања во Палестина и Ерусалим

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу започна телефонска дипломатија во врска со последните случувања во Палестина и Ерусалим (Кудс)

1637750
Телефонска дипломатија од Чавушоглу за последните случувања во Палестина и Ерусалим

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу започна телефонска дипломатија во врска со последните случувања во Палестина и Ерусалим (Кудс).

Во тие рамки, Чавушоглу за време на неговата посета на Саудиска Арабија кадешто отпатува за разгледување на регионалните и билатералните односи оствари телефонски разговори со јорданскиот министер за надворешни работи Ејмен ес-Сафади и со шефот на египетската дипломатија Самих Шукри.

Како што се истакнува на дневниот ред на разговорите беа последните случувања во Палестина и чекорите коишто би можеле да бидат преземени против агресивноста на Израел.

Мевлут Чавушоглу во Саудиска Арабија разговараше телефонски и со генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) Јусуф ел-Усејмин.

Во телефонскиот разговор беа разменети мислења пред состанокот на Извршниот комитет на Организацијата за исламска соработка (ОИС) посветен на Палестина во Џеда, а воедно беа разгледани чекорите коишто ќе бидат преземени за состанување на Комитетот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) за Ерусалим (Кудс) и активирање на меѓународната заедница, вклучувајќи ги и Обединетите нации (ОН).

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор и со палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ел-Малики.

Во разговорот, беа разгледани последните случувања во Ерусалим (Кудс) и чекорите што ќе бидат преземени на меѓународна арена. 

Мевлут Чавушоглу, вчера оствари одделни телефонски разговори и со иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф, алжирскиот министер за надворешни работи Сабри Букадум, пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Курејши и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во сиве овие разговори беа разгледани последните случувања во Палестина и Ерусалим (Кудс).

 



Слични вести