Реакција од Ибрахим Калин и Омер Челик против нападите на Израел врз Палестинците

Реакција од портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин и портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик против нападите на Израел врз Палестинците

1637957
Реакција од Ибрахим Калин и Омер Челик против нападите на Израел врз Палестинците
ömer çelik.jpg

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во објавеното соопштение на својот профил на социјалната медија го сподели заедничкото соопштение на црквите во Ерусалим (Кудс) во кое се упатува повик до Израел да стави крај на насилството и провокативните активности. 

Калин во соопштението напиша: „Сите муслимани, христијани и Евреи со здрав разум и сoвест треба да водат заедничка борба за да се каже 'стоп' за окупацијата и зулумот на Израел и прекршувањата на фанатизираните Евреи.“

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик, исто така истакна дека оние кои реализираните воздушни напади на Израел врз ги оценуваа како „право на Израел на самоодбрана“ се соучесници на убијците на деца.

Челик во споделената објава на својот профил на социјалната медија истакна дека Израел ги убива децата со воени авиони и го напиша следното: „Онок кој за оваа сурова агресивност вели 'право на Израел на самоодбрана' е соучесник на убијците на деца. Досега видовме дека во позадината на секоја акција, секој коментар и секоја вест наречена 'право на Израел на самоодбрана' се крие агресивноста на суровите, злосторниците и фанатиците како Нетанјаху.“

Челик покажа реакција и на тоа што за време на пожарот што се појави во Месџид-и Акса по нападите на Израел некои Израелци славеа и се радуваа.

Велејќи „Оние кои за време на пожарот во еден верски објект слават и се радуваат не е можно да се споменуваат по ништо друго освен по нивната бескурпулозност и неморалност“, портпаролот на АК Партијата Омер Челик заедно со својата објава сподели и видео во врска со моментот на славење и радување на Израелците.

 



Слични вести