Претседателот Ердоган разговараше телефонски со јорданскиот крал и кувајтскиот емир

Претседателот Ердоган оствари одделни телефонски разговори со јорданскиот крал Абдулах Втори и кувајтскиот емир Шеик Наваф ал-Ахмед ал-Џабир ал-Сабах посветени на нападите на Израел врз Месџид-и Акса и Палестинците

1637693
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со јорданскиот крал и кувајтскиот емир

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари одделни телефонски разговори со јорданскиот крал Абдулах Втори и кувајтскиот емир Шеик Наваф ал-Ахмед ал-Џабир ал-Сабах.

Претседателот Ердоган во разговоот со јорданскиот крал Абдулах Втори укажа дека нечовечките напади на Израел врз Ерусалим (Кудс), Месџид-и Акса и Палестинците во основа ги засегаат сите муслимани и нагласи дека е значајно Турција и Јордан да работат заедно за стопирање на овие напади и овој зулум.

Претседателот Ердоган и во остварениот телефонски разговор со кувајтскиот емир Шеик Наваф ал-Ахмед ал-Џабир ал-Сабах ги разгледаа нападите на Израел врз Месџид-и Акса и Палестинците.

 



Слични вести