Претседателот Ердоган разговараше со малезискиот крал и катарскиот емир за израелските напади врз Палестинците

Претседателот Ердоган ја продолжува телефонската дипломатија во врска со нападите на Израел врз Месџид-и Акса и Палестинците во чии рамки разговараше и со малезискиот крал и катарскиот емир

1638030
Претседателот Ердоган разговараше со малезискиот крал и катарскиот емир за израелските напади врз Палестинците

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари одделни телефонски разговори со малезискиот крал Султан Абдулах Риајатудин Ал-Мустафа Билах Шах и со катарскиот емир Шејх Тамим бин Хамад Ал Тани.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган со кралот на Малезија Абдулах Риајатудин Ал-Мустафа Билах Шах разговараше за билатералните односи и за нападите на Израел врз Месџид-и Акса и Палестинците.

Ердоган во телефонскиот разговор истакна дека треба да се сплотат срцата и да се биде еден глас против зулумот на Израел кој ги напаѓа Месџид-и Акса и Палестинците.

Тој појасни дека лично верува оти Турција и Малезија ќе соработуваат блиску по ова прашање на сите меѓународни платформи, а пред се во Обединетите нации (ОН) и Организацијата за исламска соработка (ОИС).

Израелските напади врз Месџид-и Акса и Палестинците беа разгледани и во телефонскиот разговор на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган со катарскиот емир Шејх Тамим бин Хамад Ал Тани.

Притоа, Ердоган нагласи дека се значајни заедничките активности на Турција и Катар во точката на мобилизација на регионалните земји и меѓународната заедница против нападите на Израел врз Ерусалим (Кудс), Месџид-и Акса и Палестинците.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и синоќа оствари одделни телефонски разговори со јорданскиот крал Абдулах Втори и со кувајтскиот емир Шеик Наваф ал-Ахмед ал-Џабир ал-Сабах, во кои исто така беа разгледани израелските напади врз Месџид-и Акса и Палестинците.

 



Слични вести