Осуда од Мустафа Шентоп, Собранието на Турција и Фахреттин Алтун на израелскиот напад врз Газа

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, Собранието и шпефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун го осудија синоќешниот напад на Израел врз Газа

1637754
Осуда од Мустафа Шентоп, Собранието на Турција и Фахреттин Алтун на израелскиот напад врз Газа
tbmm 23 nisan.jpg
fahrettin altun

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп го осуди воздушниот напад на Израел врз Газа.

Шентоп својата реакција ја изнесе на својот профил на социјалната медија кадешто истакна дека „Окупаторот Израел спроведува државен терор, во вистинска смисла на зборот.“

Нагласувајќи дека како Турција секогаш ќе ја изнесуваат својата реакција, Шентоп го истакна следното: „Обединетите Нации и целиот свет повторно се безгласни. Дури и кога би молчеле сите, ние како Турција никогаш нема да молчиме.“

Во меѓувреме, и политичките партии во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) објавија заедничко соопштение во кое ги осудија нападите на Израел врз Месџид-и Акса во Ерусалим (Кудс).

Во заедничкото соопштение се вели дека „Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) жестоко го осудува овој зулум и непризнавање на правото“, а воедно се додава следното: „Упатуваме повик до целиот свет меѓународната заедница без да губи повеќе време да стапи во акција за влијателен и ефикасен резултат против применувањата на Израел во спротивност со меѓународното право, вклучувајќи ги и усвоените резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Генералното собрание на Обединетите нации во врска со Ерусалим (Кудс).“

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун, во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Израел кој врши државен терор масакрира 9 наши палестински браќа од кои 3 деца. Сигурно ќе ја побараме сметката од Израел за секој зулум, секој масакр и за секој терористички акт. Ќе ја продолжиме нашата борба за изнесување на Израел пред меѓународното право.“

 



Слични вести