Куртулмуш: Светот беше информиран за зулумот на Израел во Ерусалим со посредство на „ТРТ“ и „АА“

Потпретседателот на владејачката АК Партија Нуман Куртулмуш истакна дека светот беше информиран за зулумот на Израел во Ерусалим со посредство на Турската радио и телевизија (ТРТ) и новинската Агенција Анадолија „АА“

1637780
Куртулмуш: Светот беше информиран за зулумот на Израел во Ерусалим со посредство на „ТРТ“ и „АА“

Потпретседателот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Нуман Куртулмуш за медиумите направи проценка на нападите на израелската полиција врз Палестинците кои чуваа стража во Месџид-и Акса во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) за спречување на упадот на фанатизираните Евреи.

Притоа Куртулмуш укажа на значењето на Турската радио и телевизија (ТРТ) и новинската Агенција Анадолија "АА" во прочујувањето на гласот на Палестинците.

Тој појасни дека ТРТ и „АА“ одиграа значајна улога во прочујувањето на праведната кауза на Палестинците за време на нападите на Израел врз Месџид-и Акса.

„Од аспект на информирањето на светот за тамошните случувања, Агенцијата Анадолија вложи извонредни напори. Во последните судири, точно среде настаните, стана едниот од каналите за комуникација кои можеа да дадат најздрави информации, вести, до светот. На ист начин и ТРТ. Аллах нека ги благослови другарите. Ги исполнуваат своите задачи под такви услови.“ - рече Куртулмуш.

Осврнувајќи се на тоа дека за време на отпорот во Месџид-и Акса голем број Палестинци го извикуваа името на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Куртулмуш рече: „Тоа всушност е симпатија што ја гајат кон Турција која зајакнува. Истовремено угнетените народи на различни места во исламскиот свет се потсеќаат и на минатото. Се потсетуваат на османлискиот мировен поредок (Пакс Отомана) што го слушнале од нивните дедовци, правдата, спокојството и довербата коишто беа воспоставени во текот на векови на оваа географија којашто се нарекува плодна полумесечина.“

 



Слични вести