Во Авашин-Басјан на северот на Ирак пронајдена пештера на терористите составена од 4 простории

Во областа Авашин-Басјан на северот на Ирак е пронајдена пештера на терористите составена од 4 простории во кои можат да бидат сместени 50 терористи, како и просторија за заложници одделена со челична врата

1637376
Во Авашин-Басјан на северот на Ирак пронајдена пештера на терористите составена од 4 простории

Во областа Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак е пронајдена пештера која била користена од страна на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, се проценува дека утврдената пештера во рамките на операцијата „Шепа-Гром“ којашто продолжува успешно е составена од 4 простории во кои можат да бидат сместени 50 терористи, како и просторија за заложници одделена со челична врата.

Во извршеното пребарување во пештерата се запленети 10 парчиња муниција за хаубици од 81 и 100 милиметри и 9 експлозиви од рачна изработка.

Пронајдената пештера беше оштетена и запленетата муниција и експлозивите од рачна изработка беа уништени.



Слични вести