Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во посета на Саудиска Арабија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу престојува во посета на Саудиска Арабија на разговори со својот саудиски колега Фајсал бин Фархан бин Абдулах Ал Сауд

1637514
Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во посета на Саудиска Арабија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу отпатува во посета на Саудиска Арабија кадешто ќе оствари разговори посветени на билатерални и регионални прашања.

Чавушоглу своето пристигнување во Саудиска Арабија го соопшти со споделената порака на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Министерот Мевлут Чавушоглу во пораката напиша: „Се наоѓаме во Саудиска Арабија за разгледување на нашите билатерални односи и значајни прашања коишто го засегаат нашиот регион на чело со нападите во Месџид-и Акса и зулумот насочен против палестинскиот народ.“

Претходно во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи беше информирано дека посетата на министерот Мевлут Чавушоглу на Саудиска Арабија ќе трае два дена и дека во тие рамки ќе се 8со својот саудиски колега принцот Фајсал бин Фархан бин Абдулах Ал Сауд.

 



Слични вести