Министерот за надворешни работи Чавушоглу денеска и утре ќе престојува во посета на Саудиска Арабија

Министерството за надворешни работи соопшти дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска и утре (10 и 11 мај) ќе престојува во посета на Саудиска Арабија кадешто ќе води разговори посветени на регионални и билатерални односи

1637380
Министерот за надворешни работи Чавушоглу денеска и утре ќе престојува во посета на Саудиска Арабија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 10 и 11 мај ќе престојува во посета на Саудиска Арабија кадешто ќе води разговори посветени на регионални и билатерални односи.

Посетата беше соопштена со објавено писмено соопштение од Министерството за надворешни работи.

Во соопштението се вели следното: „На разговорите коишто ќе ги оствари нашиот министер во рамките на посетата со својот саудиски колега принцот Фајсал бин Фархан бин Абдулах Ал Сауд ќе бидат разгледани билатералните односи и ќе се одржат консултации во однос на регионални прашања.“

 



Слични вести