Ердоган разговараше со Абас и Ханије за израелските напади врз Палестинците во Месџид-и Акса

Претседателот Ердоган во одделно остварените телефонски разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас и шефот на Политичкото биро на Движењето Хамас Исмаил Хеније

1637476
Ердоган разговараше со Абас и Ханије за израелските напади врз Палестинците во Месџид-и Акса

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари одделни телефонски разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас и со шефот на Политичкото биро на Движењето Хамас Исмаил Хеније.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во овие остварени телефонски разговори беа разгледани нападите на Израел врз Месџид-и Акса и Палестинците.

Претседателот Ердоган, во телефонските разговори нападите на Израел во Ерусалим (Кудс) ги окарактеризира како „терор“ и истакна дека најостро ги осудува овие понизни напади и зулумот врз Палестинците коишто ја рануваат совеста на целото човештво, а не само на муслиманите.

Нагласувајќи дека ќе направат се што е во нивна можност да се мобилизира целиот свет, на чело со исламскиот свет да се стапи во акција за стопирање на тероризмот и окупацијата на Израел, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека Турција секогаш ќе продолжи да биде поддржувач на палестинската кауза, да стои покрај своите палестински браќа и да  го брани достоинството на Ерусалим (Кудс).



Слични вести