Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 282 лица, регистрирани се 13.604 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 282 лица, направени се 213.863 тестирања од кои се регистрирани 1.734 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 13.604 лица

1637545
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 282 лица, регистрирани се 13.604 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 282 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 43.311 лица. 

Во изминатите 24 часа се направени 213.863 тестирања од кои се дијагностицирани 1.734 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 13.604 лица.

Заврши лекувањето на уште 26.953 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 4 милиони 743 илјади 871 лице.

 



Слични вести