Во северниот дел на Ирак се неутрализирани 8 терористи

Министерството за национална одбрана (МНО) соопшти дека во воздушна операција на областа Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани 8 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1636983
Во северниот дел на Ирак се неутрализирани 8 терористи

Во областа Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани 8 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавенто соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО), во областа Гара во северниот дел на Ирак се утврдени 8 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои се неутрализирани со реализирана воздушна операција.

Во меѓувреме, во операциите „Ерен“ коишто се реализираат внатре во границите на земјата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК досега се неутрализирани 40 терористи меѓу кои и т.н. високи раководители.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во дадената изјава во градот Карс истакна дека ѝ внатре во границите на земјата ѝ надвор преку границата се води сеопфатна борба за воспоставување на спокојството, безбедноста и јавниот ред во земјата.

Велејќи дека во подрачјето на градот Карс е започната 15-сетата операција од серијата операции „Ерен“, Сојлу потсети дека првата од тие операции „Ерен-1“ е започната на 11 јануари оваа година со учество на 1.071 припадник на безбедносните сили.

Министерот Сојлу појасни дека операциите „Ерен“ продолжуваат во 15 одделни подрачја со 15.674 припадници на безбедносните сили и го рече следното: „Досега со операциите 'Ерен' се неутрализирани и терористи т.н. високи раководители од кои тројца од црвена, 6 од портокалова, еден од сива категорија и двајца т.н. одговорни лица. Кога ќе ги додадеме и неутрализираните терористи прексиноќа во Хаќќари вкупниот број на неутрализираните терористи во операциите 'Ерен' изнесува 40.“

Од друга страна, во објавеното соопштение на профилот на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека бројот на неутрализираните терористи во операцијата „Ерен-5“ во областа Багок во населеното место Нусајбин кај градот Мардин се зголеми на 7 и дека операцијата во ова подрачје продолжува.

 



Слични вести