Во операцијата „Шепа-Гром“ во областа Авашин-Басјан на северот на Ирак се неутрализирани 6 терористи

Министерството за национална одбрана (МНО) соопшти дека во рамките на операцијата „Шепа-Гром“ во областа Авашин-Басјан на северот на Ирак се неутрализирани 6 терористи

1636989
Во операцијата „Шепа-Гром“ во областа Авашин-Басјан на северот на Ирак се неутрализирани 6 терористи

Во рамките на операцијата „Шепа-Гром“ којашто продолжува во областа Авашин-Басјан на северот на Ирак се неутрализирани 6 терористи.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) се истакнува дека во реализирана операција на една пештера во областа Авашин-Басјан во рамките на операцијата „Шепа-Гром“ на северот на Ирак се неутрализирани 6 мина терористи на ПКК.

Претходно во едно друго соопштение на Министерството беше истакнато дека 8 терористи се неутрализирани и во реализирана воздушна операција на областа Гара во северниот дел на Ирак.

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу во дадената изјава во градот Карс истакна дека ѝ внатре во границите на земјата ѝ надвор преку границата се води сеопфатна борба за воспоставување на спокојството, безбедноста и јавниот ред во земјата.

Сојлу соопшти дека во операциите „Ерен“ кои што се водат против сепаратистичко-терористичката организација ПКК од 11 јануари досега се неутрализирани  40 терористи.

Министерот Сојлу појасни дека операциите „Ерен“ продолжуваат во 15 одделни подрачја со 15.674 припадници на безбедносните сили и го рече следното: „Досега со операциите 'Ерен' се неутрализирани и терористи т.н. високи раководители од кои тројца од црвена, 6 од портокалова, еден од сива категорија и двајца т.н. одговорни лица. Кога ќе ги додадеме и неутрализираните терористи прексиноќа во Хаќќари вкупниот број на неутрализираните терористи во операциите 'Ерен' изнесува 40.“

Од друга страна, во објавеното соопштение на профилот на Министерството за внатрешни работи на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека бројот на неутрализираните терористи во операцијата „Ерен-5“ во областа Багок во населеното место Нусајбин кај градот Мардин се зголеми на 7 и дека операцијата во ова подрачје продолжува.



Слични вести