Турција жестоко го осуди терористичкиот бомбашки напад во Кабул во Авганистан

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение со кое жестоко го осуди терористичкиот бомбашки напад пред едно училиште во Кабул во Авганистан во кој загинаа најмалку 30 лица, а повеќе од 50 лица се ранети

1636778
Турција жестоко го осуди терористичкиот бомбашки напад во Кабул во Авганистан

Турција остро го осуди терористичкиот напад со возило бомба пред едно училиште во главниот град на Авганистан, Кабул.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со големо жалење е дознаено дека во терористичкиот акт со возило бомба вчера пред едно училиште за време на ифтар загинаа најмалку 30 лица меѓу кои се наоѓаат и ученици, а повеќе од 50 лица се ранети.

Во соопштението се вели следното: „Жестоко го осудуваме овој нечовечки терористички напад за време на светата Ноќ Кадир (Лејлетул Кадир), ги проколнуваме сторителите и посакуваме да положат сметка пред правдата.“

Во соопштението на Министерството им се посакува милост на загинатите во грозоморниот напад, на ранетите им се посакува побрзо оздравување, а на пријателскиот и братски авганистански народ и на авганистанската Влада им се изразува искреното сочувство на Турција.

 



Слични вести