Претседателот Ердоган: Одбраната на честа, достоинството, гордоста на светиот град Ерусалим е должност на секој муслиман

Претседателот Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: Одбраната на честа, достоинството, гордоста на светиот град Ерусалим (Кудс) е долг на секој муслиман

1636982
Претседателот Ердоган: Одбраната на честа, достоинството, гордоста на светиот град Ерусалим е должност на секој муслиман

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги повика исламските земји и целиот свет на ефикасен начин да стапат во акција против нападите на Израел врз Месџид-и Акса, Ерусалим (Кудс) и домовите на Палестинците.

Ердоган напиша: „Целиот свет, на чело со исламските земји ги повикувам ефикасно да стапат во акција против нападите на Израел врз Месџид-и Акса, Ерусалим (Кудс) и домовите на Палестинците.“

Претседателот Ердоган во споделената објава под насловот „Ерусалим е целиот свет, и муслиманите таму се целото човештво“, ја изнесе следната констатација: „Одбраната на честа, достоинството, гордоста на светиот град Ерусалим (Кудс) е долг на секој муслиман.

Секој извршен напад врз верските објекти и муслиманите во Ерусалим (Кудс) на чело со Месџид-и Акса, истовремено значи извршен напад против нас.

Да се застане против злосторниците кои со нивните бескрупулозни, неморални, бесправни, непочитувачки напади го валкаат Ерусалим (Кудс) кој ги содржи светите вредности на три религии, претставува должност на секоја личност која вели дека е 'човек'.

Секој оној кој останува безгласен пред нападите на државата Израел или со тоа што не презентира забележителен став дава индиректна поддршка на тоа, е соучесник во зулумот што се доживува таму.“

 



Слични вести