Претседателот Ердоган објави порака по повод 9 мај - Денот на Европа

Претседателот Ердоган во пораката што ја објави по повод 9 мај - Денот на Европа ја изнесе следната констатација: „Очигледно е дека без придонесот и поддршката на нашата земја Унијата не може да го одржи своето силно постоење “

1636968
Претседателот Ердоган објави порака по повод 9 мај - Денот на Европа
Cumhurbaşkanı Erdoğan Türkiye-Arnavutluk Fier Dostluk Hastanesi.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 9 мај - Денот на Европа.

Ердоган во својата порака истакна Европската унија (ЕУ) обезбедува значајни придонеси во воспоставувањето на мирот, стабилноста и просперитетот, додека во последно време се соочува со голем број проблеми како што се мигрантската криза, непријателството кон исламот (исламофобијата) и непријателството кон странците (ксенофобијата), финансиска кршливост, излезот на Велика Британија од членство и пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Подвлекувајќи дека на ЕУ и треба нов дискурс, претседателот Ердоган рече: „Најголема пречка пред Унијата за да стане силен глобален актер е недостатокот од стратешка трпеливост и визија. На Европската унија и треба нова институционална структура, нова визија, инклузивен (сеопфатен) нов дискурс, а на чело со преразгледување на нејзините одлучувачки механизми. Со таа цел 'Конференцијата за иднината на Европа' којашто започна денеска е покрената со точна констатација; меѓутоа поради тоа што не се поканети земјите кандидати уште отсега се осуди себе си (се постави) во тесни калапи.“

Ердоган појасни дека Турција, која од историски, географски и човечки аспект е дел од Европа, е подготвена да го направи она што и се паѓа по прашањето на решавање на проблемите со коишто се соочува Унијата и зголемувањето на нејзината ефикасност, а воедно ја изнесе следната констатација: „Очигледно е дека без придонесот и поддршката на нашата земја Унијата не може да го одржи своето силно постоење.“

Ердоган рече: „Сепак, ЕУ не ги исполни своите ветувања кон нашата земја на патот кон полноправно членство и нашиот процес за членство постојано се водеше кон угорнина. Тоа што некои земји членки своите билатерални прашања со Турција ги пренесуваат во Унијата, ги зароби односите меѓу ЕУ и Турција, го ослабе капацитетот на Унијата за борба против глобалните закани. Се надеваме дека ЕУ ќе ја презентира способноста за водење на своите односи со Турција изградени над взаемно почитување и доверба, со здрав разум и со стратешки поглед.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека, и покрај двојниот стандард и попречувањата на коишто е подложена Турција продолжува со својот одлучен став и со своите активности на патот на членството во ЕУ, како нејзина стратешка цел.

Велејќи дека членството на Турција во ЕУ ќе го отвори и патот на подемот на Европа како актер на регионално и глобално ниво кој освен на своите граѓани ќе им всадува надеж и на својот регион и на целиот свет, претседателот Ердоган, во објавената порака по повод Денот на Европа го додаде следното: „Со овие мисли, посакувам 'Денот на Европа' да стане повод Унијата да се спаси од стратешкото слепило во кое западна и им го честитам 9 мај - Денот на Европа на сите Европејци, на чело со моите граѓани.“

 



Слични вести