Претседателот Ердоган го осуди нападот на израелската полиција врз верниците во Месџид-и Акса

Претседателот Ердоган го осуди нападот на израелската полиција врз верниците во Месџид-и Акса во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс)

1636674
Претседателот Ердоган го осуди нападот на израелската полиција врз верниците во Месџид-и Акса

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го осуди нападот на израелската полиција врз џемаатот (верниците) во Месџид-и Акса во областа на Стариот град, во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс).

Претседателот Ердоган го напиша следното: „Жестоко ги осудуваме гнасните напади коишто за жал Израел ги реализира во секој месец Рамазан врз нашата прва кибла (правецот кон кој треба да бидат свртени муслиманите за време на клањање намаз, молитвата) Месџид-и Акса. Ние како Турција ќе продолжиме да стоиме покрај нашите палестински браќа во секоја состојба и под секакви услови.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оваа своја објава на социјалната мрежа Твитер ја сподели и на еврејски, англиски и арапски јазик.

 



Слични вести