Повик од претседателот Ердоган до светот да стапи во акција против нападите на Израел врз Палестинците

Претседателот Ердоган рече: „Го повикувам целиот свет на чело со исламските земји да стапат во акција против нападите на Израел врз Месџид-и Акса, Ерусалим (Кудс) и куќите на Палестинците“

1636679
Повик од претседателот Ердоган до светот да стапи во акција против нападите на Израел врз Палестинците

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се состана на ифтарска програма со мајките од Дијарбакир (чии деца се киднапирани од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК). 

Во говорот што го одржа овде, претседателот Ердоган рече: „Го повикувам целиот свет на чело со исламските земји да стапат во акција против нападите на Израел врз Месџид-и Акса, Ерусалим (Кудс) и куќите на Палестинците. Бараме веднаш да бидат сопрени понизните (подлите) напади насочени против Месџид-и Акса и муслиманите во Ерусалим (Кудс).“

Велејќи „Светот кој не може да ги одбрани Ерусалим (Кудс) и муслиманите, значи дека се предал себеси (извршил самопредавство), ја повлекол сигурносната игла на бомбата за да се уништи себеси“, претседателот Ердоган го повика целиот свет на чело со исламските земји да стапат во акција против нападите на Израел насочени против Месџид-и Акса, Ерусалим (Кудс) и куќите на Палестинците.

Ердоган го достави следното предупредување: „Секој оној кој останува безгласен пред нападите на државата Израел или со тоа што не презентира забележителен став дава индиректна поддршка на тоа, е соучесник во зулумот што се доживува таму.“

„Суровиот Израел, терористичката држава Израел, ѕверски и неморално ги напаѓа муслиманите во Ерусалим (Кудс) кои немаат никаква друга цел освен да ги одбранат своите свети вредности, да застанат во одбрана на своите илјадо годишни домови и својата татковина. Ние како Турција како и секогаш и денеска сме покрај нашите браќа во Ерусалим (Кудс), сите муслимани на палестинската географија (палестинските простори).“

Инаку, при острата интервенција на израелската полиција врз Палестинците во Месџид-и Акса, кај портата Дамаск и во маалото Шејх Џерах беа повредени повеќе од 200 лица.

Продолжуваат нападите на израелската полиција во областа.

 



Слични вести