Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 281 лице, регистрирани се 18.052 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 281 лице, направени се 228.873 тестирања од кои се регистрирани 2.178 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 18.052 лица

1636689
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 281 лице, регистрирани се 18.052 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 281 лице.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 42.746 лица. 

Во изминатите 24 часа се направени 228.873 тестирања од кои се дијагностицирани 2.178 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 18.052 лица.

Заврши лекувањето на уште 28.896 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 4 милиони 691 илјада 224 лица.



Слични вести