Реакции од Турција против насилството на израелската полиција врз Палестинците во Месџид-и Акса

По острата интервенција на израелската полиција врз верниците кои клањаа намаз теравија во Месџид-и Акса во Источниот Дел на Ерусалим (Кудс) пристигнаа остри реакции од Турција

1636352
Реакции од Турција против насилството на израелската полиција врз Палестинците во Месџид-и Акса

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп покажа реакција против острата интервенција на израелската полиција врз верниците во Месџид-и Акса.

Шентоп истакна дека исто како и за време на секој Рамазан се станува сведок на денови кога расте насилството и зулумот на Израел.

„Нападот врз Месџид-и Акса ноќва врз џемаатот (верниците) кој клањаше намаз претставува јасен државен тероризам. Оној кој сее насилство и зулум не може да жнее мир и спокојство. Го проколнувам тероризмот во Месџид-и Акса.“

Потпретседателот Фуат Октај во дадената изјава за еден приватен телевизиски канал истакна дека државата Израел која ја поделеноста во исламскиот свет, се оценува како држава која врши терор.

Октај, во врска со нападот на Израел врз Месџид-и Акса го рече следното: „Покривањето на секоја перверзност, секој зулум, секој вид неморалност, секој вид злосторство, доведува до нови перверзности.“

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека жестоко се осудуваат нападите на израелските безбедносни сили врз Палестинците кои клањаа во Месџид-и Акса и ранувањето на голем број палестински цивили.

„Ја повикуваме израелската Влада што поскоро да стави крај на провокативниот и агресивен став и да покаже здрав разум“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи и се нагласува дека Турција ќе продолжи да го поддржува палестинскиот народ.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така покажа остра реакција на нападот на израелската полиција врз џемаатот (верниците). 

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Жестоко го осудувам извршениот напад вечерва врз Месџид-и Акса. Поставувањето на цел од страна на Израел на невините лица кои го извршуваа својот обред во светиот месец Рамазан, претставува нечовечен настан. На нашите браќа им посакувам итно оздравување. Секогаш сме покрај праведната кауза на палестинскиот народ.“

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер, го истакна следното: „Остро го осудуваме нападот на израелската полиција која влезе во Месџид-и Акса и изврши напад со звучни бомби. Израелските окупаторски сили кои во светите рамазански денови немаат никаква почит кон светите вредности, треба веднаш да го напуштат Месџид-и Акса. Веднаш треба да престанат овие гнасни и перверзни напади.“

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во споделената објава на својот профил на социјалната медија напиша: „Со загриженост ја следиме окупаторската и насилна политика на Израел врз Палестинците. Никако не може да се прифати нападот на Израел врз нашите свети вредности. Жестоко го проколнуваме извршениот напад денеска со звучни бомби врз нашата прва кибла Месџид-и Акса.“

Портпаролот на владејачката партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик во споделената објава на својот профил на социјалната медија, истакна дека жестоко го осудува нападот и дека до крај стојат покрај Палестинците.

Инаку, израелската полиција вчера во вечерните часови влезе во Месџид-и Акса и изврши напад со звучни бомби врз верниците (џемаатот) овде.

Израелската полиција со звучни и гасни бомби се обиде да ги растера насобраните верници во Харем-и Шериф и откако не им дозволи на Палестинците да влезат внатре од портата Силсиле, дојде до нереди.

Интервенцијата на израелската полиција во Месџид-и Акса доведе до појава на паника особено кај жените и децата.

Во меѓувреме, во маалото Шејх Џерах по доживеаната кавга помеѓу Арапите и Евреите, еврејските доселеници за време на ифтар отворија оган со оружје врз Палестиннците кои се сочуваат со закана од присилно вадење од нивните куќи.

Притоа во вчерашните напади на израелската полиција врз Палестиннците во Месџид-и Акса, портата Дамаск и маалото Шејх Џерах беа повредени најмалку 205 лица.

 



Слични вести