Акар: Од 1 јануари 2021 година досега се неутрализирани 988 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека во реализираните операции во северните делови на Ирак и Сирија од 1 јануари 2021 година досега се неутрализирани 988 терористи

1636428
Акар: Од 1 јануари 2021 година досега се неутрализирани 988 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и вториот началник на Генералштабот генерал-потполковник Селчук Бајрактароглу ја посетија Командата на специјалните сили.

Во говорот што го одржа овде министерот Акар истакна дека од 1 јануари 2021 година досега се неутрализирани 988 терористи.

Велејќи дека Турските вооружени сили (ТВС) поминуваат од еден интензивен период, Хулуси Акар напомена дека операциите коишто се започнати на 24 јули 2015 година и се реализираат успешно, 6 години како продолжуваат со растечка жестина и интензивно темпо.

Акар појасни дека Турските вооружени сили (ТВС) покрај сите терористички организации прават и ќе продолжат да, прават се што е неопходно за единството и целовитоста на земјата, пред секој вид закана и опасност.

Министерот Хулуси Акар потсети дека во областите Аваш и Метина во северниот дел на Ирак кадешто е вгнездена сепаратистичко-терористичката организација ПКК на 23 април се започнати операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“.

Тој рече: „Во северниот дел на Ирак и во северниот дел на Сирија од 1 јануари 2021 година се неутрализирани вкупно 988 терористи.“

Акар додаде дека Турција, додека од една страна ја продолжува борбата против терористите во северните делови на Ирак и Сирија, од друга страна води деноноќна борба за одбрана ѝ на своите сопствени права ѝ на правата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), во Егејот, Средоземното Море и на Кипар.

 



Слични вести