Средба на министерот Чавушоглу со неговиот палестински колега Малики во Анкара

По средбата лице в лице двајцата министри за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и Ријад Малики, одржаа заедничка прес-конференција

1636276
Средба на министерот Чавушоглу со неговиот палестински колега Малики во Анкара

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Малики кој допатува во официјална посета на Анкара. 

По средбата лице в лице двајцата министри одржаа заедничка прес-конференција.

Мевлут Чавушоглу побара од Израел да се откаже од фрлање на чекори во правец на изградба на нови населени места во Источен Ерусалим (Кудс), а воедно рече дека Турција е спремна да ја даде секој вид поддршка за одржување на изборите во Палестина во меѓународни стандарди.

Освен тоа, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу најави дека би можела да се оствари средба со Египет на ниво на министри за надворешни работи.

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Малики пак, истакна дека Турција се истакнува како најпрва земја, која доаѓа пред сите други по прашањето на поддршката на палестинскиот народ. 

Малики исто така побара меѓународната заедница да врши притисок врз Израел за да би можеле да се одржат изборите во Палестина.

 



Слични вести