Претседателот Ердоган: Ние се обидуваме да го вратиме нашето единство со египетскиот народ

Претседателот Ердоган истакна дека Турција се обидува повторно да го придобие и врати единството со египетскиот народ коешто доаѓа од историјата

1636222
Претседателот Ердоган: Ние се обидуваме да го вратиме нашето единство со египетскиот народ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава во Истанбул истакна дека Турција се обидува повторно да го придобие и врати единството со египетскиот народ коешто доаѓа од историјата. 

Ердоган рече: „Нашиот став кон египетскиот народ е многу, многу позитивен. Египетскиот и турскиот народ имаат единство кое се потпира на историјата. Не како браќа непријатели, туку како пријатели се обидуваме повторно да го придобиеме, повторно да го продолжиме ова единство со египетскиот народ.“

Потсетувајќи на разговорите на Турција и Египет коишто траеја во текот на два дена во Каиро, помеѓу делегациите предводени од турскиот заменик министер за надворешни работи амбасадорот Седат Онал и египетскиот заменик министер за надворешни работи Хамди Санад Лоза, претседателот Ердоган рече:  „Започна нов процес и овој процес ќе го продолжиме со негово проширување.“

Во врска со правото на интелектуална сопственост на вакцините против новиот тип коронавирус (Ковид-19), претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја изнесе следната констатација:„Науката е заедничка сопственост на целото човештво, во науката нема љубомора. По ова прашање, и поготово по ова прашање поврзано со здравјето на човештвото, погрешен е пристапот '(вакцината) ја произведовме ние, нема да ја дадеме никому'.“

Претседателот Ердоган се осврна и на состојбата во работите за развивање на домашна вакцина на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Во моментов во нашата земја постои сериозна и интензивна работа на тоа поле. Се надеваме дека благодарение на интензивниот труд, ќе успееме да ја направиме нашата домашна вакцина како што планиравме до септември, октомври. Го рековме и тоа дека сме спремни да ја  споделиме со сите, секаде онаму од каде ќе пристигне барање, во целиот свет, а не само да ја употребуваме во нашата земја.“

 



Слични вести