Потпретседателот Октај и министерот Чавушоглу се состанаа со еврокомесарката Илва Јохансон

Потпретседателот Фуат Октај и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состанаа со еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон која допатува во посета на Турција

1636274
Потпретседателот Октај и министерот Чавушоглу се состанаа со еврокомесарката Илва Јохансон
Ylva Johansson-Fuat Oktay.jpg
Ylva Johansson-Mevlut Cavusoglu.jpg

Потпретседателот Фуат Октај ја прими еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон. 

На остварената средба во Претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара освен потпретседателот Фуат Октај и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, присуствуваа и претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Николаус Мејер-Ландрут и заменик генералниот директор на Комесаријатот на ЕУ за внатрешни работи Јиханес Лучнер. 

Според добиени информации од извори на претседателството, на средбата беше разгледан потпишаниот договор на 26 март 2016 година меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), а во тие рамки беа поставени и значајни прашања како што се ажурирањето на Царинската унија, обезбедувањето на визна либерализација, борбата против тероризмот и мигрантите.

Портпаролот Фуат Октај на средбата укажа дека Турција презентира приод којшто служи за пример во светот во врска со сириската криза и мигрантите (бегалците) и дека ги исполни и исполнува сите свои обврски.

Меѓутоа, Октај нагласи дека Европската унија (ЕУ) е фокусирана само на мигрантското прашање и ги изоставува од вид прашањата коишто ги сочинуваат главните основи на постигнатиот договор од 18 март 2016 година.

Еврокомесарката за внатрешни на Илва Јохансон во рамките на своите средби и разговори во рамките на своите средби и разговори во Анкара се состана и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. 

По средбата што се одржа во зградата на Министерството за надворешни работи, министерот Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер нагласи дека Турција му придава значење на продолжувањето на позитивната агенда меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Чавушоглу во објавата напиша: „Очекуваме конкретни чекори во сферите на миграцијата, визната либерализација и борбата против тероризмот.“

 



Слични вести