Потпретседателот Фуат Октај: Одлучни сме Турција да ја претвориме во глобална производствена и технолошка база

Потпретседателот Фуат Октај на вебинарето во организација на Синдикатот за метална индустрија на Турција (МЕСС) истакна дека се одлучни Турција да ја претворат во глобална производствена и технолошка база

1636271
Потпретседателот Фуат Октај: Одлучни сме Турција да ја претвориме во глобална производствена и технолошка база

Потпретседателот Фуат Октај од Претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара учествуваше на вебинарето во организација на Синдикатот за метална индустрија на Турција (МЕСС).

Потпретседателот Октај во говорот што го одржа овде истакна дека  едниот од основните приоритети е силната индистриска инфраструктура на Турција со дигитална трансформација да биде доведена во поконкурентна состојба.

Тој рече дека се одлучни Турција да ја претворат во глобална производствена и технолошка база.

Октај информира дека додека од една страна се водат активности за усмерување на постоечката работна сила кон професии (струки) на иднината, од друга страна се водат и проекти во правец на човечките ресурси и технолошките знаења, умешности и опременост на младите.

Велејќи „Ние сме одлучни Турција која е центарот на три континенти, да ја претвориме во глобална производствена и технолошка база“, потпретседателот Фуат Октај подвлече дека Турција во периодот на пандемијата со исплати за претпазливост и одложени приходи Турција им пружаше приближно 600 милијарди турски лири (околу 72,9 милијарди долари) поддршка на своите граѓани и застана покрај своите производители со исплата на краткорочен додаток за вработените, даночни намалувања и субвенционирани кредити.

   



Слични вести