Министерот Чавушоглу оствари средба со германскиот претседател Штајнмаер

На средбата со претседателот Франк Валтер Штајнмаер ги разгледавме можностите за понатамошен развој на нашата длабоко вкоренета соработка

1635848
Министерот Чавушоглу оствари средба со германскиот претседател Штајнмаер

 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари средба со германскиот претседател Валтер Штајнмаер, каде што престојуваше во работна посета.

Чавушоглу, на својот пост во врска со средбата, на својот Твитер профил истакна:

„На средбата со претседателот Франк Валтер Штајнмаер ги разгледавме можностите за понатамошен развој на нашата длабоко вкоренета соработка“.

Министерот Чавушоглу исто така изјави дека со Штајнмаер разговарале за состојбата и достигнувањата на турската заедница на 60-та годишнина од договорот за имиграција.

Од друга страна, министерот Чавушоглу во една друга објава на Твитер, изјави дека парламентарниот потсекретар за туризам на Германија, Томас Бареис го информирал за програмата за безбеден туризам на Турција и дека разговарале за развојот на пасошите за вакцините и мерките преземени во Европската унија.



Слични вести