Консултативните средби меѓу Турција и Египет се одржаа во искрен и сеопфатен контекст

На средбите, покрај билатералните прашања, беа разгледани и регионалните прашања, особено ситуацијата во Либија, Сирија и Ирак

1635852
Консултативните средби меѓу Турција и Египет се одржаа во искрен и сеопфатен контекст

 

Истражувачките разговори што ги водеа турските и египетските делегации во Каиро беа остварени во искрен и сеопфатен контекст.

Во писменото соопштение објавено од Министерството за надворешни работи беше наведено дека вчера завршија дводневните истражувачки консултации меѓу делегациите на Турција и Египет, предводени од заменик министерот за надворешни работи Седат Онал и египетскиот заменик министер за надворешни работи, амбасадорот Хамди Санад Лоза.

Во соопштението беше забележано следното:

„Разговорите беа водени во искрена атмосфера и сеопфатен контекст. На средбите, покрај билатералните прашања, беа разгледани и регионалните прашања, особено ситуацијата во Либија, Сирија и Ирак, и беше потенцирана потребата за обезбедување мир и безбедност во Источниот Медитеран.

Страните ќе ги оценат резултатите од оваа рунда консултации и ќе одлучат за следните чекори“.



Слични вести