Турција остро ја осуди усвоената одлука во Парламентот на Летонија за настаните од 1915 година

Министерството за надворешни работи на Турција остро ја осуди усвоената одлука во Парламентот на Летонија во која за настаните од 1915 година се употребува изразот „геноцид“

1635363
Турција остро ја осуди усвоената одлука во Парламентот на Летонија за настаните од 1915 година

Турција остро ја осуди усвоената одлука од страна на Летонија во која во врска со настаните од 1915 година се употребува изразот „геноцид“. 

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Турција се нагласува дека изгласаната одлука во Парламентот на Летонија со која во врска со настаните од 1915 година се употребува изразот „геноцид“, претставува ништовен (неважечки) обид за повторно пишување на историјата, со политички мотиви.

„Ја негираме (отфрлуваме) и жестоко осудуваме оваа несреќна и бесправна одлука.“ - стои во соопштението.

Во истото соопштение се вели „Парламентите не се места за пишување и судење на историјата“, а воедно се привлекува внимание дека не постои ниту еден од потребните услови во врска со настаните од 1915 година да се употреби изразот „геноцид“ дефиниран во меѓународното право.

Се истакнува дека овој обид е во спротивност и со одлуките на Европскиот суд за човекови права со датум од 2013 и 2015 година со кои отворено се изнесува контроверзноста на настаните од 1915 година, како и со одредбите на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид од 1948 година.

Се потсетува дека одлуката за која станува збор се коси и со соопштението на Летонија коешто го објави по повод 80-годишнината од окупацијата во врска со настаните во нејзината историја во однос на тоа дека приоѓањето на искрен и праведен начин кон историските настани претставува предуслов на меѓународните односи, а воедно во тој контекст презентира двоен стандард.

Во соопштението се вели следното: „Го повикуваме Парламентот на Летонија наместо да биде во услуга на дневниот ред на одредени средини кои се обидуваат од историјата да создадат непријателство, да отстапи од овој погрешен чекор и да ги поддржува напорите во правец на воспоставување на практиката за заеднички живот во регионот во мир, а пред се помеѓу турскиот и ерменскиот народ.“

 



Слични вести