Терористички напад со возило бомба во Африн во северниот дел на Сирија: Ранети се 5 деца

Во центарот на градчето Африн во северниот дел на Сирија експлодира поставена бомба во паркирано возило при што се ранети 5 деца кои се префрлени на лекување во околните болници

1634849
Терористички напад со возило бомба во Африн во северниот дел на Сирија: Ранети се 5 деца

Во реализиран терористички напад со возило бомба во градчето Африн во северниот дел на Сирија кое се наоѓа под контрола на опозиционерите, се ранети 5 деца.

Во центарот на Африн чие подрачје е исчистено од терористите со реализираната прекугранична операција Маслиново гранче, експлодира поставена бомба во паркирано возило.

Во терористичкиот напад извршен вчера приквечер, пред ифтар се ранети 5 деца кои си играле во близина на експлодираното возило бомба.

Ранетите деца се префрлени во околните болници, додека  под дејство на експлозијата наоколу е причинета материјална штета.

Безбедносните сили кои започнаа истрага во врска со нападот стојат на можноста дека е извршен од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Инаку, подрачјето на градчето Африн во северниот дел на Сирија е ослободено од сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК со реализираната операција Маслиново гранче на 18 март 2018 година.



Слични вести