Средба Чавушоглу-Мас во Берлин: Меѓусебниот договор за туризам донесе позитивни резултати

Двајцата шефови на дипломатии, Чавушоглу и Мас, по средбата лице в лице и меѓуделегациските разговори одржаа заедничка прес-конференција

1635313
Средба Чавушоглу-Мас во Берлин: Меѓусебниот договор за туризам донесе позитивни резултати
cavusoglu almanya.jpg
cavusoglu almanya.1jpg.jpg
mevlut cavusoglu.JPG

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во посета на Берлин се состана со германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас.

Двајцата шефови на дипломатии, Чавушоглу и Мас, по средбата лице в лице и меѓуделегациските разговори одржаа заедничка прес-конференција. 

Овде, министерот Чавушоглу истакна дека на разговорите се разгледани голем број димензии на билатералните односи, регионални теми, како и бројни значајни прашања како што се случувањата во Источниот Медитеран, Либија и Сирија.

Велејќи дека и покрај пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) брзо расте трговијата помеѓу двете земји, Чавушоглу рече: „Оваа година гледаме дека би можела да се зголеми на над 40 милијарди долари.“

Мевлут Чавушоглу информира дека Турција ги презема сите видови мерки за безбеден одмор.

Појасни дека  минатата година беше потпишан договор со Германија по прашањето на туризмот, а воедно истакна дека Турција за безбедна туристичка сезона (и покрај епидемијата) презеде дополнителни превентивни мерки и дека почнаа да се согледуваат и позитивни резултати.

Во врска со вакцините против новиот тип коронавирус (Ковид-19), Чавушоглу рече: „Секако треба да се има почит кон патентите на компаниите. Меѓутоа, земјите треба да соработуваат подобро по прашањето на заедничкото производство.“

Потсетувајќи дека пред два дена ја посети Либија, Чавушоглу го рече следното: „Ставањето крај на поддршката од којашто има потреба земјата како што е поддршка во воена обука и воена консултантска услуга не е во полза на земјата. Таквиот приод нема да биде правилен. Треба да и дадеме поддршка на новоформираната Влада на Либија, платениците треба да ја напуштат земјата.“ 

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас исто така во одржаниот говор на заедничката прес-конференција истакна дека како Германија секогаш застануваат во одбрана на воспоставување на конструктивен однос со Турција. 

Мас рече: „Турција е наш многу значаен сојузник во НАТО. Германија секогаш го нагласува тоа. Ќе има многу големо значење и во иднина.“ 

Инаку, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу претходно одржа видео-конференциска средба и со германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер со кого направија проценка на чекорите коишто би можеле да се преземат по прашањето на нерегуларната миграција.

Велејќи дека во разговорот го нагласи значењето на ефикасната соработка во борбата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК и Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу соопшти дека исто така го информира Зехофер и во врска со мерките за безбеден туризам коишто ќе ги применува Турција и во годинашната туристичка сезона.

 



Слични вести