Претседателот Ердоган се состана на ифтарска вечера со претставниците на малцинските заедници

Претседателот Ердоган во Претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара приреди ифтарска вечера за претставниците на малцинските заедници

1634866
Претседателот Ердоган се состана на ифтарска вечера со претставниците на малцинските заедници

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа се состана на ифтарска вечера со претставниците на малцинските заедници.

Претседателот Ердоган во Претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара приреди ифтарска вечера за претставниците на малцинските заедници.

На ифтарската вечера присуствуваше и претседателот за верски прашања на Турција проф. д-р Али Ербаш, а од малцинските заедници учествуваа: 

Патријархот на Грчката патријаршија во Фенер Бартоломеј, претседател на фондацијата на грчката болница „Баликли“ Константин Јуванидис, митрополитот на Асирците Јусуф Четин, претседателот на древната асирска фондација Саит Сусин, главниот рабин на Евреите во Турција Исак Халева, претседателот на турската еврејска заедница Исак Ибрахимзадех, претседателот на фондацијата на главното рабинство на Турција и копретседател на турската еврејска заедница Ерол Кохен, патријархот на Ерменците во Турција Сахак Машалјан, претседателот на фондацијата на ерменската болница „Сурп Пиргич“ Бедрос Шириноглу, духовниот лидер на асирската католичка заедница во Турција Орхан Абдулахад Чанли и претседателот на Управниот одбор на асирската католичка фондација Зеки Басатемир.



Слични вести