Потпретседателот Октај ги прими министерот Пакдемирли и министерот за земјоделство и природни ресурси на ТРСК Чавушоглу

На приемот беа разгледани прашања во врска со преносниот тунел во рамките на проектот за снабдување со вода на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), работите за наводнување на земјоделските површини во Ѓузелјурт и Месарја, како и други проекти

1634846
Потпретседателот Октај ги прими министерот Пакдемирли и министерот за земјоделство и природни ресурси на ТРСК Чавушоглу

Потпретседателот Фуат Октај ги прими министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли и министерот за земјоделство и природни ресурси на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Назим Чавушоглу и делегацијата во негова придружба.

На состанокот во Претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара беа разгледани прашања во врска со преносниот тунел во рамките на проектот за снабдување со вода на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), работите за наводнување на земјоделските површини во Ѓузелјурт и Месарја, како и проекти коишто во моментов продолжуваат и се завршени.



Слични вести