Министерот Хулуси Акар одржа видео-конференциска средба со својот летонски колега Артис Пабрикс

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар одржа видео-конференциска средба со својот летонски колега Артис Пабрикс

1635373
Министерот Хулуси Акар одржа видео-конференциска средба со својот летонски колега Артис Пабрикс

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар одржа видео-конференциска средба со заменик премиерот и министер за надворешни работи на Летонија Артис Пабрикс.

На профилот на Министерството за национална одбрана (МНО) на социјалната медија е соопштено дека министерот Акар разговараше со летонскиот заменик премиер и министер за надворешни работи Пабрикс.

Во соопштението се вели дека во разговорот беа разменети мислења во однос на билатералната и регионалната соработка во одбраната, безбедноста и одбранбената индустрија, како и прашања посветени на НАТО.

Освен тоа и во споделената објава од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „И одлуката на Парламентот на Летонија за 'геницид' ја негираме (отфрлуваме) и не ја признаваме.“

Инаку, Парламентот на Летонија денеска изгласа одлука во која во врска со настаните од 1915 година се употребува изразот „геноцид“.

 



Слични вести