Мевлут Чавушоглу разговараше со германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека со германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер направија проценка на чекорите коишто би можеле да се преземат по прашањето на нерегуларната миграција

1635030
Мевлут Чавушоглу разговараше со германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одржа видео-конференциска средба со германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер.

Чавушоглу во врска со разговорот сподели објава на турски и германски јазик на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Мевлут Чавушоглу истакна дека со германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер направија проценка на чекорите коишто би можеле да се преземат по прашањето на нерегуларната миграција.

Велејќи дека во разговорот го нагласи значењето на ефикасната соработка во борбата против сепаратистичко-терористичката организација ПКК и Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу соопшти дека исто така го информира Зехофер и во врска со мерките за безбеден туризам коишто ќе ги применува Турција и во годинашната туристичка сезона.

 



Слични вести