Мевлут Чавушоглу: ЕУ не ги исполни своите ветувања кон Турција

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу истакна дека од 2015 година илегалната миграција преку Егејското Море кон ЕУ е намалена за 92 отсто и дека и покрај тоа нема некој поголем напредок во ветувањата коишто ЕУ и ги даде на Турција

1635450
Мевлут Чавушоглу: ЕУ не ги исполни своите ветувања кон Турција

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу во Берлин даде изјава за германскиот новинар Рајнер Херман.

Чавушоглу истакна дека од 2015 година илегалната миграција преку Егејското Море кон Европската унија (ЕУ) е намалена за 92 отсто и дека и покрај тоа нема некој поголем напредок во ветувањата коишто ЕУ и ги даде на Турција. 

Осврнувајќи се на договорот за миграција меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција со датум од 18 март 2016 година, Чавушоглу рече: „Турција ги исплни своите одговорности во врска со миграцијата. Од 2015 година илегалната миграција преку Егејското Море кон Европската унија (ЕУ) е намалена за 92 отсто. И покрај тоа, нема некој поголем напредок во ветувањата коишто ЕУ и ги даде на Турција. ЕУ и земјите членки претпочитаат да ги изостават од вид своите обврски во тие рамки и настојуваат да се фокусираат само на одговорностите на Турција во точката на спречување на илегалната миграција.“

Мевлут Чавушоглу појасни дека Европската унија (ЕУ) не го активираат системот за доброволен хуманитарен прием и не го поддржува безбедното, доброволно и достоинствено враќање на Сиријците во областите исчистени од тероризмот како што предвидува договорот.

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу се осврна и на односите помеѓу Турција и Русија, во врска со што рече: „Нашиот дијалог со Русија ќе придонесе за регионалната и меѓународната стабилност.“



Слични вести