Киргискиот претседател Садир Џапаров своето прво интервју го даде за Турската радио и телевизија (ТРТ)

Киргискиот претседател Садир Џапаров своето прво интервју го даде за Турската радио и телевизија (ТРТ) во специјалната програма „Евросзиска агенда“ на екраните на ТРТ Аваз

1635220
Киргискиот претседател Садир Џапаров своето прво интервју го даде за Турската радио и телевизија (ТРТ)

Киргискиот претседател Садир Џапаров своето прво интервју за светските телевизиски канали го даде за Турската радио и телевизија (ТРТ). 

Џапаров во специјалната програма "Евроазиска агенда" на ТРТ Аваз одговараше на прашањата на Џошкун Озен.

Киргискиот претседател Садир Џапаров се осврна на односите помеѓу Турција и Киргистан и нагласи дека се наоѓаат на прагот на еден нов период помеѓу двете земји.

Велејќи „Врската помеѓу Турција и Киргистан уште од минатото е братска врска“, Џапаров рече: „Ние имаме илјадо годишна заедничка историја. Затоа ќе вложуваме напори за братско обликување на нашите односи со Турција и другите турски држави.“

Тој истакна дека ќе постои поактивен Киргистан во турскиот свет и осврнувајќи се на значењето на Парламентарната Асамблеја на туркофонските земји (ТУРКПА) и Меѓународната организација за турска култура (ТУРКСОЈ), нагласи дека неговата земја е активен член на овие организации на турскиот свет.

Нагласувајќи дека ја следат одблизу Турската радио и телевизија (ТРТ), Џапаров привлече внимание дека Киргистанската радио и телевизија (КТРК) би можела да работи заедно со Турската радио и телевизија (ТРТ).

Киргискиот претседател Садир Џапаров додаде дека доколку двете информативни куќи одлучат да работат заедно се подготвени да ја дадат секој вид потребна поддршка. 

 



Слични вести