Бројот на неутрализираните терористи во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ се зголеми на 70

Бројот на неутрализираните терористи во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ се зголеми на 70

1635068
Бројот на неутрализираните терористи во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ се зголеми на 70

Бројот на неутрализираните терористи во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто продолжуваат во северниот дел на Ирак, се зголеми на 70.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) со зборовите „Нема бегство за терористите!“, во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ со помош на наоружани беспилотни летала (СИХА) се неутрализирани уште двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

На тој начин бројот на неутрализираните терористи се зголеми на 70.

Исто така и во едно друго објавено соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ е уништена и една значајна пештера со муниција која била користена од страна на терористите.

Успешно продолжуваат операциите на Турските вооружени сили (ТВС) „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто се започнати на 23 април со цел елиминирање на терористичките напади врз воените бази во северниот дел на Ирак и за воспоставување на пограничната безбедност.

Во меѓувреме, во рамките на антитерористичките операции за воспоставување на безбедноста внатре во границите на земјата од страна на Министерството за внатрешни работи во подрачјата на градовите Агри, Игдир, Карс и Ардахан е започната нова операција „Ерен-15 Планина Агри-Чемче Мадур“.

Во операцијата учествуваат 2.065 припадници на безбедносните сили (жандармериски и полициски сили и безбедносни чувари).



Слични вести