Заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран во посета на Солун и Западна Тракија

Заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран на аеродромот во Солун беше пречекан од страна на амбасадорот на Турција во Атина Бурак Озугергин и генералниот конзул на Турција во Солун Ефе Џејлан

1634677
Заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран во посета на Солун и Западна Тракија
Dışişleri Bakan Yardımcısı Yavuz Selim Kıran Selanik ve Batı Trakya Ziyareti.jpg
Dışişleri Bakan Yardımcısı Yavuz Selim Kıran Selanik ve Batı Trakya Ziyareti1.jpg
Dışişleri Bakan Yardımcısı Yavuz Selim Kıran Selanik ve Batı Trakya Ziyareti2.jpg

Заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран отпатува во посета на Солун во соседна Грција.

Јавуз Селим Киран на аеродромот во Солун беше пречекан од страна на амбасадорот на Турција во Атина Бурак Озугергин и генералниот конзул на Турција во Солун Ефе Џејлан. 

Киран во рамките на програмата на посетата ја прошета Куќата на Ататурк која е дел од Генералниот конзулат и се потпиша во овдешната спомен книга.

Потоа Киран ја посети џамијата Хамидије (Јени-Новата џамија) која е последна изградена џамија од страна на Османлиската држава во Солун и која од страна на султанот Абдулхамит Втори е крунисана со саат кули. Освен тоа, Киран ги посети и плоштадот Зинџирликуле од периодот на Османлиската држава, џамијата Попара Бабазаде, џамијата Исхак Паша и џамијата Мустафа Зихни Паша која своето име го добила по името на едниот од последните валии на Солун.

Заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран во Силун се состана и со претставниците на турската заедница и верските службеници и притоа ја даде пораката дека Турција секогаш е покрај своите сонародници кои и покрај сите тешкотии го зачувуваат својот идентитет и своите верувања.

По посетата на Солун, Киран ќе замине за Западна Тракија кадешто по повод месецот Рамазан ќе се состане со претставниците на институциите и организациите на сонародниците, а пред се со муфтиите на Комотини (Ѓумулџине) и Ксанти (Искече).

Заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран исто така ќе се состане со припадниците на турското малцинство во Западна Тракија, а ќе ги посети и овдешните малцински училишта и османлиските дела.

 



Слични вести