Турска делегација во посета на Египет

Политичките консултации меѓу Турција и Египет ќе се одржат во Каиро на 5-6 мај под претседателство на заменици министри на двете земји

1634152
Турска делегација во посета на Египет

Во рамките на политичките консултации меѓу Турција и Египет, турската делегација предводена од заменик-министерот за надворешни работи, Амбасадорот Седат Онал, на 5-6 мај ќе престојува во посета на Каиро.

Во писменото соопштение објавено од Министерството за надворешни работи, беше истакнато дека политичките консултации меѓу Турција и Египет ќе се одржат во Каиро на 5-6 мај под претседателство на заменик-министерот за надворешни работи, Амбасадорот Седат Онал и египетскиот заменик-министер за надворешни работи, Хамди Санад Лоза.

Во соопштението беше наведено дека во предметните истражувачки разговори ќе бидат потенцирани чекорите што треба да се преземат за нормализирање на односите меѓу двете земји во билатерален и регионален контекст.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, на 15 април присуствуваше во емисија во живо и изјави дека е постигната согласност каналите кои претходно беа отворени меѓу Турција и Египет, најпрво меѓу разузнавачките агенции, да продолжат преку министерствата за надворешни работи.

Дипломатските односи меѓу Турција и Египет од 2013 година наваму меѓусебно се одржуваа на ниво на привремен вршител на должноста амбасадор.



Слични вести