Претседателот Ердоган разговараше телефонски со рускиот претседател Путин

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор со Путин истакна дека во рамките на постигнатиот договор се очекува од Русија да се оствари според планираното испораката на вакцините „Спутник В“ во Турција

1634741
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со рускиот претседател Путин

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, претседателот Ердоган во телефонскиот раговор со рускиот претседател Путин истакна дека во рамките на постигнатиот договор се очекува од Русија да се оствари според планираното испораката на вакцините „Спутник В“ во Турција.

Претседателот Ердоган рече дека чувствува големо задоволство од тоа што кон соработката којашто е воспоставена помеѓу двете земји во бројни сфери е додадено и производството на вакцини.

Укажувајќи на значењето на турско-руската соработка во воспоставувањето на трајната стабилност во Сирија, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека регионалната нормализација и процесот на стабилност треба добро да се искористат и по прашањето на Нагорно Карабах.

 



Слични вести