Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд

На средбата биле разменети мислења за односите меѓу Турција и Саудиска Арабија.

1634114
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз Ал Сауд

 

Претседателот Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз Ал Сауд.

Според соопштението објавено од претседателскиот директорат за комуникации, на средбата биле разменети мислења за односите меѓу Турција и Саудиска Арабија.

Ердоган на кралот на Саудиска Арабија Салман бин Абдулазиз му ги пренесе честитките за светата ноќ Лејлетул Кадир што ќе се одбележи оваа недела и претстојниот Рамазански празник.

На средбата беа разгледани прашањата во врска со билатералните односи и чекорите за подобрување на соработката.

На телефонскиот разговор меѓу претседателот Ердоган и саудискиот крал Салман што се одржа на 21 ноември 2020 година, беа разменети мислења за односите меѓу двете земји и беа направени проценки во врска со Самитот на лидерите на Г20, со кој претседаваше Саудиска Арабија.

Ердоган и кралот Салман изразија согласност дека треба да бидат отворени каналите за дијалог за да се подобрат билатералните односи и да се решат проблемите.



Слични вести