Куртулмуш: „Бајден, САД ги остави во заложништво на ерменските лоби средини“

Што и да каже (Бајден), кој јазик и да го користат, невозможно е нивните зборови да ја сменат историјата или да ги променат историските факти

1634253
Куртулмуш: „Бајден, САД ги остави во заложништво на ерменските лоби средини“

Потпретседателот на Партијата за правда и развој (АК партија) Нуман Куртулмуш, во врска со описот на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден за случувањата од 1915 година како „геноцид“ рече:

„Господинот Бајден, САД ги остави заложништво во ерменските лоби средини“.

Куртулмуш одржа говор на онлајн видео конференцијата преку интернет организирана од АК Партијата и Партијата на Нов Азербејџан (ЈАП) во спомен на 98-та годишнина од раѓањето на починатиот азербејџански претседател Хајдар Алиев.

Забележувајќи дека описот на американскиот претседател Џо Бајден за случувањата од 1915 година како „геноцид“ е продолжение на опозицијата за време на борбата во Карабах, Куртулмуш рече:

„Што и да каже (Бајден), кој јазик и да го користат, невозможно е нивните зборови да ја сменат историјата или да ги променат историските факти. Искрено, оваа изјава на Бајден е неоснованам искажана со одредена политичка цел и тоа се зборови насочени за задоволување на барањата на Ерменците,  Бајден, САД ги остави во заложништво на ерменските лоби средини“.



Слични вести