Чавушоглу: Турција дава целосна поддршка на Босна и Херцеговина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушолгу во интервју за двете водечки весници на БиХ „Ослобоџење“ и „Независне Новине“ истакна дека Турција дава целосна поддршка на политичкото единство и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина

1634763
Чавушоглу: Турција дава целосна поддршка на Босна и Херцеговина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за време на својата официјална посета на Босна и Херцеговина даде интервју за две водечки весници на оваа земја „Ослобоџење“ и „Независне Новине“.

Чавушолгу за „Ослобоџење“ изјави дека Турција дава целосна поддршка на политичкото единство и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

Велејќи дека основната цел на Турција е да се зачува мирот и стабилноста на Балканот и да се зголеми просперитетот на регионот, Чавушоглу нагласи дека во близок дијалог со Балканските земји ќе биде продолжена активната политика во правец на мирот и стабилноста на регионот.

Мевлут Чавушоглу појасни дека поведувањето на дискусија на сувереноста или територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина или било која друга земја ќе ја доведе во опасност стабилноста на регионот и го рече следното: „Како Балканска земја, поддршката на Турција на политичкото единство и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина е целосна. Оваа наша поддршка ја нагласуваме на сите платформи, на секое ниво, билатерално и мултилатерално.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во даденото интервју за весникот „Независне Новине“ истакна дека односите помеѓу Босна и Херцеговина и Турција се на извонредно ниво.

„Се додека постои потреба и во рамките на нашите можности ќе продолжи и нашата медицинска помош. Исто како и во секое поле и во ова поле ќе продолжиме да бидеме покрај Босна и Херцеговина.“ - рече Чавушоглу.

 



Слични вести