Бродот за сондажа „Кануни“ отплови кон Црното Море за својата нова задача

Министерот за природни ресурси Фатих Донмез во објавеното соопштение на својот профил на социјалната медија Твитер го напиша следното: „Нашиот брод за сондажа 'Кануни' со довата (молитвата) на нашиот народ  отплови кон Црното Море“

1634700
Бродот за сондажа „Кануни“ отплови кон Црното Море за својата нова задача

Бродот за сондажа „Кануни“ отплови кон Црното Море за својата нова задача.

Министерот за природни ресурси Фатих Донмез во објавеното соопштение на својот профил на социјалната медија Твитер го напиша следното: „Нашиот брод за сондажа 'Кануни' со довата (молитвата) на нашиот народ  отплови кон Црното Море. Нашиот брод својата прва сондажа ќе ја реализира во гасното поле 'Сакарја', во лежиштето 'Туркали-2' ќе ги реализира своите тестирања во длабоки морски води. Нека е аирлија и со среќа.“

Шестата генерација брод за длабоко дупчење (сондажа) „Кануни“ е долг 227 метри и широк 42 метри и може да реализира дупчење на длабочина до 12.200 метри.

Турција моментално своите активности во морињата ги реализира со бродовите за сеизмички истражувања „Барбарос Хајреддин Паша“ и „Оруч Реис“, како и бродовите за сондажа (дупчење) „Фатих“ и „Јавуз“.



Слични вести