Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 356 лица, регистрирани се 26.476 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 356 лица, направени се 229.491 тестирање од кои се регистрирани 2.414 новозаболен, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 26.476 лица

1634746
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 356 лица, регистрирани се 26.476 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 356 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 41.883 лица. 

Во изминатите 24 часа се направени 229.491 тестирање од кои се дијагностицирани 2.414 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 26.476 лица.

Заврши лекувањето на уште 35.464 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 4 милиони 589 илјади 501 лице.

Во меѓувреме, министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека е регистриран значаен пад во бројот на случаите и го рече следното: „Деновиве предвидуваме дека преземените мерки ќе го покажат своето влијание на бројот на тешко заболените и смртните случаи.“

Инаку, во рамките на превентивните мерки против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) минатата недела од петокот (30 април) на целата територија на Турција беше воведено 17 дневно „целосно затворање“ кое ќе трае до 17 мај.



Слични вести