Акар: „Во рамките на последните операции досега се неутрализирани 68 терористи“

Кипар е национална кауза на Турција. Сега е задолжителнo структуирање на Кипар кое ќе се заснова на две држави.

1634204
Акар: „Во рамките на последните операции досега се неутрализирани 68 терористи“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече дека бројот на терористите на сепаратистичко-терористичка организација ПКК, кои биле неутрализирани во операциите Шепа-молња и Шепа-гром се искачи на 68.

Хулуси Акар, заедно со началникот на Генералштабот генерал Јашар Ѓулер, командантот на поморските сили адмиралот Аднан Озбал извршија обиколка на поморската команда во Ѓолџук.

Обраќајќи му се на персоналот, Акар потсети дека операциите Шепа-молња и Шепа-гром започнаа на 23 април во северниот дел на Ирак.

„Овие операции продолжуваат интензивно и успешно. Во последната операција во една пештера беа неутрализирани 6 терористи. Од 23 април до денес неутрализирани се вкупно 68 терористи“.

Нагласувајќи дека Кипар е национална кауза на Турција, Акар рече дека сега е задолжителнo структуирање на Кипар кое ќе се заснова на две држави.

Министерот Акар, осврнувајќи се на односите со Грција рече:

„Очекуваме да разберат дека нема да постигнат ништо со заканување на Турција“.

Изјавувајќи дека Турција со својот став во Егејот, Источниот Медитеран и Кипар го отвориле патот за барање политичко решение, Акар рече дека Турција нема никакви територијални претензии кон ниту една земја како и кон нивните води и права.

Но исто така секој многу добро треба да знае дека нема да дозволиме да бидат прекршени нашите права“ рече Акар.



Слични вести