Турските вооружени сили ги продолжуваат прекуграничните операции во северниот дел на Ирак

Министерството за национална одбрана (МНО) сподели снимки од прекуграничните операции на Турските вооружени сили (ТВС) „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто продолжуваат во северниот дел на Ирак

1633853
Турските вооружени сили ги продолжуваат прекуграничните операции во северниот дел на Ирак
msb mağara.jpeg

Министерството за национална одбрана (МНО) сподели снимки од прекуграничните операции „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто продолжуваат да се реализираат успешно во областите Метина и Авашин-Басјан, во северниот дел на Ирак.

Во споделената објава на профилот на Министерството за национална одбрана (МНО) преку социјалната медија се истакнува следното: „И покрај тешките теренски услови на областите Метина и Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак, нашите јуначки војници Мехметчик без прекин ги продолжуваат операциите за неутрализирање на сите терористи.“

Во споделените снимки се наоѓа и една пештера која во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ од страна на турските војници Мехметчик беше исчистена од терористите.

Во видеото на Министерството споделено со пораката „Одлучни сме да влеземе во дупките (пештерите) во коишто се велеше дека не може да се влезе, да го исушиме тероризмот во неговиот извор“ се гледа пештера во една област која во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ е исчистена од терористите.

На снимката се гледа како турските војници Мехметчик поминуваат од тесниот отвор на една пештера во која се кријат терористите.

 



Слични вести